УНИВЕРЗИТЕТ “ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ “
ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ “ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ “
СКОПЈЕ
ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ ПО ГРАЃАНСКО ПРАВО
Семинарска работа по предметот
Наследно право
на тема “ Устен тестамент “
Изработил : Ментор :
Доневски Виктор Проф.Д-р. Љиљана
број на индекс 420 Спировиќ-Трпеновска
Скопје
2008 година
Наследувањето во Република Македонија е уредено со Законот за
Наследување од 1996 година и според него наследувањето во Република
Македонија може да биде врз основа на закон ( законско наследување ) или врз
основа на тестамент ( тестаментално наследување ), и притоа тестаментот се
појавува како појака, посилна основа за наследување од законот, односно
тестаменталното наследување е појако од законското наследување.
Тестаментот
претставува еднострана, отповиклива изјава на последна
волја со која некое лице врши распоред на својот имот за случај на смрт,
составена во форма предвидена со закон.
Значи, тестаментот претставува :
o
Еднострано правно дело
, бидејќи во него секогаш постои само една
страна ;
o
Отповикливо правно дело
, бидејќи завештателот може во секое време
се до својата смрт да ја отповика или промени својата последна волја ;
o
Слободна изјава на волја
, бидејќи завештателот треба слободно и без
никаква принуда, закана или измама да ја искаже својата вистинска
волја ;
o
Изјава на последна волја
, бидејќи ако еднаш завештателот ја изјави, а
потоа не ја отповика или промени важи како да е искажана како
последна волја на завештателот ;
o
Акт на распоред на завештателовиот имот за случај на смрт
,
бидејќи со својата последна изјава на волја завештателот го изменува
законскиот ред на наследување и со тестаментот формира нов, свој
ред на наследување ;
o
Строго личен акт
, бидејќи не постои одредба во Законот за
наследување според која може да се пренесе овластување на друго
лице да направи тестамент во име на завештателот ; и
o
Строго формален акт
, бидејќи полноважен е само оној тестамент,
или онаа последна изјава на волја која е составена во форма утврдена
со Законот и под условите предвидени со Законот .
2
Тестамент може да состави само лице кое во време на составувањето на
тестаментот е способно за расудување, како прв услов, и притоа да има
наполнето 15 години, како втор услов.
Трет, а можеби и најважен, услов за полноважност на тестаментот е секако
формата на тестаментот. Формата на тестаментот кај тестаменталното
наследување е од конститутивно значење, т.е. без неа нема ни тестамент, а во
исто време служи и како доказ со кој се потврдува автентичноста на изјавата на
завештателот. Доколку формата на тестаментот не е предвидена со Законот за
наследување, односно доколку последната изјава на волја на завештателот не
одговара на некоја од формите на тестамент таксативно определени во Законот,
тогаш не постои ниту тестамент.
Во нашиот Закон за наследување постојат следниве форми на тестамент :
o
Судски тестамент ;
o
Тестамент составен пред дипломатски или конзуларен претставник во
странство ;
o
Тестамент составен за време на воена состојба, т.н. воен тестамент ;
o
Меѓународен тестамент ; и
o
Устен тестамент .
Најспецифичен вид на тестамент од претходно наведените претставува
токму усниот тестамент, односно тој претставува еден од формите на вонреден
и приватен тестамент, a некои автори го вбројуваат и во групата на
исклучителни тестаменти. Усниот тестамент е приватен, затоа што при
неговото составување не учествува јавен орган, и вонреден, затоа што се
составува во вонредни, исклучителни околности. Меѓутоа усниот тестамент
некогаш, со своето настанување и со својот историски развој, па и денес во
некои законодавства во Европа и во светот воопшто спаѓа во групата на
редовните тестаменти. Имено, усниот тестамент потекнува од римското право,
кога бил практикуван како една од редовните форми на приватен тестамент.
Полноважноста на усниот тестамент во римското право била условена со
присуството на седум сведоци специјално повикани за да ја ислушаат изјавата
на последната волја на завештателот.
Поради големиот број на истовремено присутни сведоци при
составувањето на усниот тестамент, во одделни посебни случаи во тоа време,
3
кога не било можно да се задоволат нужните форми за составување на редовен
тестамент, било дозволено составувањето на т.н. вонредни тестаменти, меѓу
кои бил и усниот тестамент пред помал број на сведоци. Во таа смисла
завештателот при определувањето на своите деца и внуци за наследници
изјавата на последната волја можел да ја даде во присуство на само двајца
сведоци, а при составувањето на тестамент за време на големи епидемии на
чума сите сведоци не морале истовремено да присуствуваат при усната изјава
на последната волја на завештателот. Во посткласичното римско право
постоеле многу форми на т.н. вонредни тестаменти кои по многушто се слични
со денешниот усмен тестамент. Такви биле следниве тестаменти :
тестамент за
време на чума ( testamentum pestis tempore conditium )
кој бил полноважен
иако сите сведоци не биле присутни истовремено при изјавата на завештателот
,
тестамент на село ( testamentum ruri conditum )
бил полноважен и кога при
изјавувањето на последната волја присуствувале само пет сведоци и претходно
спомнатиот
тестамент во кој за наследници биле определувани децата
( testamentum parentis inter liberos )
кај кој било доволно присуство на само
двајца сведоци или обично писмо на родителите.
Во наследните права на многу земји во Европа усниот тестамент е познат
како вонредна или привилегирана форма на тестамент дозволена за употреба
само во вонредни, односно исклучителни околности. Усниот тестамент бил
познат и во наследните права на предвоена поранешна Југославија, со тоа што
во некои подрачја тој бил познат како редовен тестамент, а во други како
вонреден. Во повоена поранешна Југославија усниот тестамент во судската
практика прво бил прифатен како редовен тестамент, а подоцна под влијание на
повисоките судови почнал се повеќе да се прифаќа како вонреден тестамент.
Идејата за упростување на формтата на тестаментот наоѓа реализација во
Францускиот граѓански законик ( Code Civil ) од 1804 година и подоцна, во
многу други буржоски законици. Оваа тенденција е присутна до денес во многу
современи законодавства, така таа била присутна и на просторите на
поранешна Југославија. На пр. според Српскиот граѓански законик од 1848
година, се до 1911 година усниот тестамент се правел во присуство на пет
сведока, од кои барем тројцата морале истовремено да бидат присутни во
моментот на давањето на изјавата на последната волја од страна на
завештателот, а во 1911 година е укинат усниот тестамент како редовна форма
на тестамент.
Усниот тестамент се разликува од останатите тестаменти во следниве три
правци :
o
Во поглед на околностите , т.е. времето и условите под кои оваа
форма на тестамент може да се употреби ;
o
Во поглед на формата ; и
4
o
Во поглед на неговото важење .
Самата форма на овој тестамент по својата форма е врзана за посебните
околности во кои може да се употребува. Притоа, законодавецот може да
постапи на два начина и тоа :
Прво, законодавецот може со една широка формулација, правен стандард,
да укаже на посебните околности со чие исполнување може да се состави устен
тестамент, така што од случај до случај ќе се утврдува дали навистина постојат
исклучителни околности кои го оправдуваат правењето на усниот тестамент,
или пак второ, тој може во законот таксативно да ги наброи сите случаи во кои
овој вид на тестамент може да се составува. Покрај ова и во двата случаи, а
посебно во вториот случај, се поставува прашањето за природата на
исклучителните околности кои можат да бидат од објективна природа или пак
од субјективна природа кај самиот завештател .
Во нашето наследно право се користи првиот начин и со тоа се допушта
употреба, т.е. составување на усниот тестамент само ако завештателот поради
исклучителни околности не е во можност да направи тестамент во некоја од
редовните форми, со тоа што е оставено на судот да оценува во секој конкретен
случај да таква исклучителна ситуација, односно исклучителни околности
навистина постоеле. Значи, Законот не ги набројува исклучителните околности,
така да тие можат да бидат многубројни и тоа околности од објективен
карактер ( како војна, поплава, пожар, епидемија, затупување во рудник,
бродолом, судар на возови, пад на авион итн. ) и при тоа со оглед на
леснотијата со која може да се состави своерачен тестамент, овие околности би
биле од значење, ако се утврди дека завештателот во тие прилики не бил во
можност да состави своерачен тестамент, или пак околности кои се поврзани
само со завештателот, т.е субјективни околности ( како ненадејна тешка
болест, обид за убиство, обид за самоубиство, тешка телесна повреда итн.) .
Во секој случај постоењето на овие исклучителни околности кои го
спречиле составувањето на тестаментот во некоја од редовните форми, судот ќе
ги цени земајќи ги во предвид сите околности за конкретниот случај, потоа
применува и т.н.субјективни критериуми затоа што во секој конкретен случај ќе
мора да утврдува и субјективни околности, односно околностите кои се
поврзани само и директно за завештателот. Така ќе може да се отстрани секоја
злоупотреба на користење на оваа форма на тестамент, а од друга страна ќе се
допушти нејзина примена, односно нејзина полноважност секогаш кога таквите
исклучителни околности постојат. Со еден збор, судот ќе треба да оцени дали
во моментот на правењето на тестаментот, и тоа само во тој момент, дали
постоеле исклучителни околности кои навистина го спречувале завештателот
да направи тестамент во која било редовна форма на тестамент.
5
Како што претходно кажавме, во нашето наследно право таксативно не се
определени тие исклучителни околности, иако има држави кои го имаат
прифатено тој начин во своите законодавства.
Судот ќе ги цени во секој конкретен случај сите околности како
објективните така и субјективните околности при составувањето на усниот
тестамент. Како исклучителни околности во судската практика се опфатени
ситуации кога поради тешка болест и изнемоштеност, како и поради некои
објективни околности завештателот навистина не бил во состојба да постапи
поинаку.
Имено, според една судска одлука е оценето дека законскиот израз
“ исклучителни околности “ ги опфаќа сите околности, како од објективна така
и од субјективна природа, поради кои завештателот не бил во можност да
направи редовен, писмен тестамент ( ВС БиХ, Гзз. бр.75/77 од 05.11.1957
година, Правни живот бр.3-4/58 ). Меѓутоа во судската практика е искажано и
мислењето дека “ болеста на завештателот сама по себе не може да се смета
како исклучителна околност за составување на устен тестамент “ ( ВС НРМ,
Гзз. бр.14/57 од 27.03.1957 година, Зб.II/1-57, бр.57 ) .
Во оваа смисла, како исклучителна околност во која завештателот може да
состави устен тестамент во судската практика е оценета “ неспособноста на
завештателот да дојде во суд заради правење на тестамент “ предизвикана од
неговата “ старост и болест “ доведени во врска со “ годишното време и
тешките временски услови , како и со оглед на оддалеченоста од судот “ ( ВС
НРХ, Гзз. бр.106/56 од 30.08.1956 година, Југ. Адвокатура, бр.1-2/57 ). Во еден
друг случај судот оценува дека завештателот не бил во можност да направи
писмен тестамент поради тоа што бил “ во длабока старост- 81 година,исцрпен
од долга и тешка болест и неписмен “ па затоа последната волја ја изјавил со
устен тестамент (ВСЈ, Р.2208/64 од 05.11.1964 година, 35.IX/3-64, бр.326 ) .
Сите овие примери од судската пракса ни покажуваат дека судот во сите
овие случаи постапувал различно од случај до случај проценувајќи според
исклучителните околности во секој конкретен случај.
Според тоа, само постоењето на било кои исклучителни околности само
по себе не е причина за полноважност на усниот тестамнет доколку тие не го
спречувале завештателот да состави било која форма на редовен тестамент.
Така да, судот ќе мора во секој конкретен случај да се стави во положбата на
завештателот и да оцени дали навистина тие се од таква природа што го
спречувале завештателот да состави редовен тестамент. Така, изречено е дека
самата околност што завештателот бил неподвижен и болен, не упатува на
постоење на исклучителни околности, но треба да се оцени дали објективно бил
во можност да го ангажира судот или адвокат или сведоци за составување на
писмен тестамент. Изречено е исто така во судската пракса, дека усниот
6
тестамент е полноважен, ако кај завештателот дошло до ненадејно влошување
на болеста, така што тој не ни можел да го потпише писмениот тестамент, а
после три саати и умрел, или пак во друг случај, изречено е дека усниот
тестамент пред сведоците е полноважен кога завештателот поради
исклучителни околности не е во можност да состави писмен тестамент, а не и
кога тоа за завештателот е полесно и поедноставено отколку да состави писмен
тестамент. Значи, во ваков случај треба да постои токму конкретна, вистинска и
за завештателот создадена невозможност за користење на други форми на
тестамент.
Значи,
устен тестамент
претставува изјава на последната волја на
завештателот усно пред двајца сведоци само ако поради исклучителни
околности не е во можност да состави писмен тестамент ( член 90, Закон за
наследување на РМ ) .
Оттука, за полноважноста на усниот тестамент, според неговата законска
формулација, постојат два суштествени услова :
1)
Изјавата на последната волја завештателот треба да ја изнесе пред
најмалку двајца сведоци ;
2) Во моментот на составување на усниот тестамент завештателот
поради исклучителни околности да не е во состојба да состави
писмен тестамент.
Усмен тестамент може да состави секое деловно способно, односно
тестаментално способно лице или, како што предвидува нашиот Закон за
наследување, да е способно за расудување и да има наполнети 15 години и
својата изјава да состави устен тестамент со одредена содржина да ја изјавил
слободно. Веднаш треба да се напомене дека усмен тестамент може да состави
само лице што не е немо или глувонемо, бидејќи овие лица не можат на усмен
начин да ја искажат својата последна волја, а тоа е единствен начин кај овој вид
на тестамент.
Усното изјавување на последната изјава на волја завештателот ја врши со
искажување на она што го сака, со зборови. Ако тоа нешто го напишал, значи
имало услови да состави своерачен писмен тестамент, па усното изјавување не
би било меродавно, бидејќи тогаш би се негирале исклучителните околности
кои му оневозможиле да состави писмен тестамент. Меѓутоа, ако се работи за
неписмено лице кое се нашло во исклучителни околности, сведоците на
тестаментот можат по кажување на таквиот неписмен завештател, да ја стават
написмено неговата последна волја, во негово присуство и тогаш, и таквото
писмено би се сметало за устен тестамент, ако се исполнети и други услови за
составување на устен тестамент.
7
Предмет: | Основи на управлението |
Тип: | Пищови |
Брой страници: | 1 |
Брой думи: | 574 |
Брой символи: | 3512 |